Надежта на Италија дека ќе може да учествува на Мундијалот во Катар е мртва. Италијанците веќе немаат никакви шанси, иако во јавноста се појави информација дека тие би можеле да се пласираат на Светското првенство како репрезентација со највисок рејтинг, со оглед дека на Иран му се закануваше суспензија и елиминација од Мундијалот.
Меѓутоа ФИФА сега брутално им одговори на Италијанците, дека залудно се надеваат, и им изнесе неколку аргументи.
„Никогаш не сме разговарале за такво нешто, односно да го оддалечиме Иран од Светското првенство. И да го сторевме тоа, на Мундијалот би се пласирала некој селекција од Азија. Невозможно е Италија да оди на Светско првенство“, рече една од членките на бордот на ФИФА, Евелин Кристилин.
Со тоа „умре“ и последната надеж на Италија да патува на Мундијалот, откако загуби во баражот од Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА