Ејмерик Лапорт и официјално го комплетираше трансферот во Атлетик Билбао откако Ал Наср задоцни со документацијата за продажбата на Шпанецот на последниот ден од преодниот рок, по што целиот случај беше предаден на ФИФА.
Десет дена по предавањето на целата документација, светската куќа на фудбалот се јави со потврда – Лапорт е нов фудбалер на Атлетик Билбао, по што клубот од Баскија и официјално го претстави шпанскиот репрезентативец како свое големо засилување за оваа сезона.
Лапорт кариерата ја почна токму во Атлетик Билбао, тим за кој одигра 222 натпревари во периодот од 2012 до 2018 година, по што се пресели во Манчестер Сити. По неславната авантура во Ал Наср тој сакаше да се врати назад во европскиот фудбал, а Атлетик Билбао успеа во намерата да го врати на „Сан Мамеш“, потпишувајќи тригодишен договор со него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

