ФИФА демантира: Судијата не му побарал дрес на Роналдо

ФИФА остро ги демантираше обвинувањата на мароканскиот состав дека судијата на вчерашниот меч против Португалија, Марк Гајгер, бил толку импресиониран од Кристијано Роналдо што му побарал и дрес на асот на Реал Мадрид. Мароканците тврдеа дека поради симпатиите на Гајгер тој им помогнал на Португалците да слават со 1-0, но ФИФА категорично ги отфрли ваквите тврдења.

Беше објавено дека Г-дин Гајгер го побарал дресот на капитенот на Португалија на полувремето. Г-дин Гајгер категорично ги отфрла ваквите тврдења, јасно ставајќи до знаење дека никогаш не побарал такво нешто. Судиите имаат децидни инструкции во врска со нивното однесување на теренот, можеме да потврдиме дека однесувањето на Гајгер беше беспрекорно, како вистински професионалец. Ги потсетуваме тимовите за нивната должност да го почитуваат фер-плејот во фудбалот“ – се вели во соопштението на ФИФА.

 

Се вчитува...