Дисциплинската комисија на ФИФА донесе одлука за прекинатиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар меѓу Бразил и Аргентина.
Мечот беше прекинат со упад на здравствените власти на почетокот на септември, а ФИФА одлучи да се одигра во друг термин.
Четворица актери на дуелот ќе бидат суспендирани на два натпревари поради лажирање за карантин во Англија. Тоа се Аргентинците Мартинез, Ромеро, Ло Селсо и Буендија, и ќе бидат надвор од составот за претстојните натпревари.
Бразилската фудбалска конфедерација е казнета со 550.000 швајцарски франци за „прекршување на правилата за обезбедување“, додека Аргентинската фудбалска асоцијација доби казна од 250.000 швајцарски франци поради „непочитувањето на протоколот на ФИФА“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА