Лионел Меси е фаворит за освојување на наградата „The Best” што ФИФА ја доделува на најдобриот фудбалер за секоја календарска година. Светската куќа на фудбалот попладнево ги објави имињата на тројцата финалисти во оваа трка, при што Меси за ривали ќе има двајца француски голгетери, Карим Бензема и Килијан Мбапе.
Бензема е актуелен освојувач на „Златната топка“ по одличните игри и резултати со Реал Мадрид, но улогата на фаворит во оваа трка се промени по одржувањето на СП во Катар. Откако Меси ја предводеше до Аргентина до светското фудбалско злато, нема дилема дека токму тој ќе биде главен фаворит за големото индивидуално признание на ФИФА, пред тимскиот соиграч Килијан Мбапе, кој исто така имаше одличен настап на мундијалот во Катар.
ФИФА ги објави и финалистките во женска конкуренција, каде за најголемото индивидуално признание ќе конкурираат Алесиа Путелјас (Шпанија/Барселона), Бет Мид (Англија/Арсенал) и Алекс Морган (САД/Орландо прајд).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

