Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави 12 номинации во изборот за најдобар тренер во сезоната 2016/2016. Во изборот на најдобриот тренер ќе учествуваат селекторите на националните селекции и нивните капитени, новинари и навивачи. Крајниот рок за гласање е 7 септември, а победникот ќе биде објавен на 23 октомври.
Во конкуренција за најдобар тренер на годината се: Масимилиано Алегри (Јувентус), Кало Анџелоти (Баерн Минхен), Антонио Конте (Челси), Луис Енрике (Барселона), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Леонардо Жардим (Монако), Јоаким Лев (Германија), Жозе Мурињо (Манчестер јунајтед), Маурисио Покетино (Тотенхем), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид), Тите (Бразил), Зинедин Зидан (Реал Мадрид).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА