Светската куќа на фудбалот (ФИФА) донесе ново правило и одлучи да направи измена за Светското првенство (СП) во Катар каде селекторите ќе може да користат повеќе играчи пред шампионатот.
Според новите одлуки, на поширокиот список за Мундијалот, селекторите ќе може да сметаат на дури 55 играчи, што е повеќе за 20 играчи од претходно. На конечниот список, пак, ќе може да има 26 патници, што е плус за три имиња.
Ваквото правило е донесено за доброто на репрезентациите, во случај на повреди или други несакани проблеми за време на Светското првенство во Катар.
Селекторите треба да ги испратат конечните списоци за СП 2022 до 13 ноември, седум дена пред почетокот на Мундијалот. Новост е што и селекторите ќе може да имаат пет измени на натпревар на СП, што е за првпат во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА