Светската фудбалска организација ФИФА ги објави трите имиња кои ќе се борат за титулата најдобар тренер во 2022 година. Финалисти на ФИФА наградите „The Best“ се селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони, потоа тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, и предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
На поширокиот список беа и селекторот на Франција, Дидие Дешамп, и мароканскиот селектор Валид Реграги, но двајцата отпаднаа во изборот на најтесниот круг.
ФИФА ги одреди и најдобрите тројца тренери во женски фудбал кои ќе се натпреваруваат за наградата најдобар. Станува збор за селекторот на англиската женска репрезентација Сарина Вајгман, селекторот на бразилската репрезентација Пиа Сундхаге и предводничката на Лион Сониа Бомпастор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА