ФИФА гo објави списокот на номинираните фудбалери за наградата „Најдобриот“

Веќе се познати десетте фудбалери кои ќе бидат во меѓусебна конкуренција за наградата „Најдобриот“, што традиционално ја доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Листата на номинирани ја предводи веќе познатото дуо, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Сепак, тука се и младите ѕвезди Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Очекувано на листата се најде Роберт Левандовски, Карим Бензема, Кевин де Брајне, Нејмар, Жоржињо, Енголо Канте и Мохамед Салах.

Во категоријата за најдобар тренер се најдоа Антонио Конте, Ханси Флик, Пеп Гвардиола, Роберто Манчини, Лионел Себастијан Скалони, Диего Симеоне и Томас Тухел.

За најдобар голман номинирани се Алисон Бекер, Џанлуиџи Донарума, Едуард Менди, Мануел Нојер и Каспер Шмајхел.

Гласањето за најдобрите е отворено до 10 декември и може да се направи на интернет страницата на ФИФА. Потоа на стартот на новата година ќе бидат објавени тројцата финалисти во секоја категорија, а наградите ќе бидат доделени на 17 јануари 2021 година.

Се вчитува...