Лионел Меси ќе може да настапи на преостанатите натпревари на Аргентина во квалификациите за СП 2018, откако ФИФА денеска ја прифати жалбата на најдобриот светски фудбалер по изречената суспензија од четири средби. Меси беше казнет поради критики кон судиите по натпреварот со Чиле, и тоа со одлука на Дисциплинската комисија иако арбитрите го немаа наведено тоа во својот извештај.
Ваквата одлука предизвика бурни реакции, Аргентинците испратија жалба, а Меси одби воопшто да се појави лично при презентирање на својата верзија на настаните.
„Гаучосите“ можат да здивнат откако беше обелоденето дека жалбата се прифаќа, а казната е намалена од четири на само еден натпревар, оној веќе одиграниот против Боливија што Аргентина го загуби. Ова значи дека Меси ќе може да ја предводи својата репрезентација на последните четири средби од квалификациите, против селекциите на Уругвај, Венецуела, Перу и Еквадор.
Аргентина моментно се наоѓа на петтото место во квалификациите за СП 2018, зад Бразил, Колумбија, Уругвај и Чиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА