ФИФА го прошири Светското клупско првенство, следна цел е Мундијал во Катар со 48 селекции

Светската фудбалска организација ФИФА комплетно го менува изгледот на Светското клупско првенство. Од 2021 година ова натпреварување ќе се одржува со 24 клубови. Против оваа одлука а Советот во Мајами гласаше единствено претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, додека сите останати дадоа „амин“ за енормното зголемување на бројот на клубовите. Останува оваа одлука да добие своја потврда и на Конгресот на ФИФА.

Првото издание ќе се игра од 7 јуни до 4 јули 2021 година, а ќе учествуваат победниците од Лигата на шампиони и Лига Европа во последните четири сезони. Јужна Америка ќе има шест претставници, а Африка, Азија и КОНКАКАФ по три.

Следна цел на ФИФА е зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во Катар. На Мундијалот во 2022 година, челниците на светскиот фудбал посакуваат да има 48 селекции, наместо досегашните 32.

Се вчитува...