Светски фудбалски првенства да има на две наместо на четири години. Оваа идеја официјално на конгресот на ФИФА во Кигали ја поднел претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, Алехандро Домингез Вилсон-Смит.
Економски бенефит, но пред се корист за светскиот фудбал, ова се аргументите кои ги користел при поднесувањето на предлогот кој наводно претседатетот на ФИФА, Џани Инфантино, не го офрлил.
Ваквата идеја се појавуваше и претходно, ја промовираше поранешниот претседател, Сеп Блатер, но беше отфрлена.
Ова е еден од радикалните предлози кои се почесто се појавуваат во јавноста заедно со оние за проширување на бројот на земји учеснички на Светските првенства уште на Мундијалот во Катар во 2022 година, како и проширувањето на концептот на Светските клупски првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА