Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го суспендираше поранешниот холандски репрезентативец и играч на Арсенал и Барселона Марк Овермарс, поради испраќање непристојни фотографии на колешки.
– ФИФА може да потврди дека по барање на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија (КНВБ), Дисциплинската комисија на ФИФА воведе санкции за Марк Овермарс, кои ќе се применуваат ширум светот, објави ФИФА.
Во февруари 2022 година, Ајакс го отпушти Овермарс затоа што испраќал фотографии од неговиот полов орган на една од вработените. Холандскиот функционер работеше во Ајакс од 2012 година. Во март 2022 година, Овермарс му се приклучи на белгискиот Антверпен како спортски директор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

