Иако Мундијалот во Катар беше дочекан со голем број критики, сепак, првиот човек на ФИФА Џани Инфантино бил исклучително задоволен, а изгледа дека има нови идеји. Особено му се допаднала идејата за турнир сред сезона, во зимски период, и поради тоа почнал да размислува за идеји околу нови промени.
Меѓу нив се и Мундијалите да се одржуваат почесто, односно на секои три години што ќе наиде секако на критики од јавноста. Оваа информација ја носи „Дејли Мејл“ кој пишува дека Светските првенства на секои три години би биле далеку поисплатливи за ФИФА.
Промените не се можни на следните два турнири, односно во 2026 и во 2030 остануваат на сила, но потоа ќе бидат направени промени. Па така Мундијалот во 2034 година би можел да се одржи година порано во 2033 година.
Неофицијално Инфантино ваква поддржка добил и од земјите од Африка и Азија, додека останатите две организации на УЕФА и КОНМБЕБОЛ и натаму не се изјаснија, иако овие две федерации беа против идејата на Венгер на пример Мундијалите да се одржуваат секои две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА