ФИФА ја казни Албанија пред домашниот дуел со Србија

Албанија ќе ја пречека репрезентацијата на Србија во следната квалификациска рунда закажана за 7 јуни, но стадионот во Тирана нема да може да биде исполнет во целост поради казната што ФИФА денеска ја изрече на Албанската Фудбалска Федерација.

Албанците се казнети поради однесувањето на нивните навивачи на мартовскиот квалификациски меч против Андора, дуел на кој од трибините беа испраќани провокативни пораки на сметка на Србија и заедничката организација на овие две земји на Европското првенства за младинци за 2027 година.

„Албанија е казнета со 20.000 швајцарски франци, плус затворање на најмалку 20% од капацитетот на стадионот на следниот меч во организација на ФИФА. Затворени ќе бидат делот од трибините веднаш зад головите, а на дел од овие трибини ќе може да се појават само деца од школи за фудбал“, се вели во одлуката на светската куќа на фудбалот.

Се вчитува...