Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) со 50.000 швајцарски франци поради однесувањето на дел од навивачите на натпреварот од Светското првенство во Катар против Канада.
На тој натпревар дел од хрватските навивачи го навредуваа канадскиот голман Милан Борјан, кој има српски корени. На трибините се појави и транспарент со навредлива содржина.
„Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет со 50.000 швајцарски франци поради кршење на член 16 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА (употреба на зборови и предмети за да се пренесе порака што не е соодветна за спортски настан) во врска со однесувањето на хрватските навивачи за време на натпреварот против Канада“ стои во соопштението на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА