ФИФА ја објави официјалната телевизиска најава за претстојнoто Светско првенство во САД, Канада и Мексико, која веднаш предизвика голем интерес кај фудбалските фанови ширум светот.
Во промотивното видео се појавуваат некои од најголемите легенди во историјата на овој спорт, Диего Марадона, Кафу и Фабио Канаваро.
Видеото, кое е дел од кампањата за промоција на Мундијалот што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ги прикажува иконите во нивните најсјајни мигови. Марадона во 1986, Кафу како капитен кој го крева трофејот во 2002 за Бразил и Канаваро како лидер на италијанската екипа што ја освои титулата во 2006 година, но и Лионел Меси од последниот Мундијал во Катар.
2026 FIFA World Cup official TV intro
byu/Mulderre91 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

