ФИФА ја одби тужбата на Нејмар кон Барса

ФИФА ја одби тужбата на Нејмар кон Барселона за неисплатените бонуси во вредност од 40 милиони евра. Ѕвездата на ПСЖ пред извесно време тврдеше дека каталонскиот гигант му должи 27 милиони евра за верност според договорот кој го потпиша во 2016 година, а бидејќи на сумата е пресметана и камата, долгот сега изнесува околу 40 милиони евра.

Сепак, Барселона нема да издвојува од своите финансии, туку по тужбата на Бразилецот следуваше контратужба од страна на шпанскиот клуб. „Каталонците“ тврдеа дека Нејмар е должен 75 милиони евра поради прекршување на неколку услови во договорот. Meѓутоа спорот ќе се прекине бидејќи според ФИФА, случајот може да се пролонгира и токму затоа нема да има следни чекори.

Нејмар по ова ќе го повлече својот адвокатски тим бидејќи според правилата и претходни примери, Барселона на крајот ќе излезе како победник при тужењето.

 

Се вчитува...