ФИФА ја одби жалбата на Франција

ФИФА официјално ја одби жалбата на француската репрезентација за конечниот резултат од натпреварот против Тунис, но не образложи што доволено до оваа одлука. Франција истиот го загуби со 1-0, но во самиот финиш неоправдано беше поништен гол за изедначување на Антоан Гризман.

Гризман постигна погодок за 1-1 откако настана гужва пред голот на Тунис, но главниот судија после прегледувањето на ВАР тој гол го поништи. Процени дека францускиот голгетер е во офсајд во моментот на нафрлувањето на Чуамени и дека сов својата позиција влијаел на играта, иако Гризман до удар дојде откако тунискиот одбранбен играч се обиде со глава да ја расчисти ситуацијата.

Жалбата на Франција се состоеше во тоа што ВАР беше користен „по продолжувањето на играта и по крајот на мечот“, што е во спротивност од протоколот на користење на технологијата. Истиот вели дека ако натпреварот е продолжен по некој прекин, ВАР не може да се користи освен во случај на прекршок за исклучување, наслилно однесување или употреба на груби и навредливи зборови.

Се вчитува...