ФИФА ја укина забраната за трансфери на Лион поради долг од 2.238 евра

Светската фудбалска федерација ФИФА ја укина забраната за трансфери на францускиот клуб Лион, и така тимот сега може повторно да носи засилувања.

Претходно беше објавено дека некогашниот француски првак не може да регистриа нови играчи во следните три преодни рока поради долг од неверојатни 2.238 евра.

„Л’Екип“ пренесува дека долгот е платен, и сега Лион нема повеќе забрана. Екипата имаше забрана поради долг за трансферот на играчот Амин Сар од Херенвен во јануари 2023 година.

Се вчитува...