Светската фудбалска федерација (ФИФА) казни шест клубови поради неисплтени плати на играчите, а стигна и заканата дека следен чекор ќе биде одземање на бодови на овие клубови во националните шампионати.
На листата на казнети од ФИФА се клубови од Русија, Турција, Катар, Египет и од Саудиска Арабија.
Рускиот второлигаш Кубан од Дисциплинската комисија на ФИФА е казнет со 12.900 евра. За да ги избегне натамошните санкции со одземање на бодови и забрана за носење нови играчи, клубот има рок од 30 дена да ги подмири обврските.
ФИФА го казни и турсниот прволигаш Мерсин со 17.160 евра, но за разлика од Кубан, турскиот клуб има рок од два месеци да ги исплати заостанатите побарувања.
Казнети се и клубовите Ел Араби и Ел Караитијат од Катар, Замалек Спортинг од Египет и Ел Џезира од ОАЕ со казни кои се движат од 21.000 до 25.800 евра.
Дисциплинската комисија на ФИФА ја казни и Фудбалската федерација на Египет со 43.000 евра затоа што не бил испочитуван рокот од 21 до 27 мај предвиден за одмор на играчите пред Светското првенство во Русија. Репрезентацијата на Египет во тој период одиграла пријателски натпревар со селекцијата на Кувајт и со тоа ги прекршила правилата на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА