ФИФА ќе го смени начинот на бодување за ранкинг – листата

Македонија падна десет позиции на ФИФА – листата…Леле, репрезентацијата ни е „тапа“. Потоа, Македонија скокна 15 места на ФИФА – листата, и веднаш сме многу силни. Дека не е тоа некое најмеродавно мерило, признава и Светската куќа на фудбалот, која ќе го менува начинот на бодување за ранкинг – листата.

ФИФА ќе се обиде да ги сведе на минимум „манипулациите“ поради системот на рангирање во светот, така што ќе воведе формула за надоместување на бодови, по завршувањето на Светското првенство во Русија. Сегашниот метод, кој е воспоставен во 2006 година, доби многу критики затоа што им овозможи на фудбалските селекции да ја подобрат својата позиција со планирање на пријателски натпревари со послаби противници.

Отсега ќе се употребува нова формула заснована на Ело метод, кој ќе даде многу поголем акцент на квалитетот на противникот, како и на резултатите што репрезентациите ќе ги остварат на значајните официјални натпреварувања. Новиот систем ќе влијае на ажурирањето на ФИФА-листата по завршувањето на Мундијалот во Русија, кој почнува на 14.јуни.

Се вчитува...