ФИФА ќе му дозволи на Ериксен да игра на Мундијалот во Катар

Играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен ќе добие дозвола од ФИФА, доколку Данска се реши да го земе во националниот тим за Мундијалот оваа година во Катар.

„Кога станува збор за турнирите на ФИФА, сите играчи мора да имаат кардиолошки преглед за да се осигураат дека се целосно свесни се што може да влијае на нивното здравје. Конечната одлука околу настапот ја носат играчот и соодветната федерација“, изјави портпаролот на ФИФА.

Правилата на ФИФА наведуваат дека скринингот се прави за да се дијагностицираат срцевите проблеми или факторите на ризик кои може да доведаат до неочекуван срцев удар за време на натпреварите. Сите учесници до ФИФА мора да поднесат документ дека нејзините играчи поминале медицински преглед.

На 12 јуни 2021 година, Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот со Исланд во Копенхаген за време на ЕВРО 2020. Подоцна на играчот му беше вграден дефибрилатор. Со таков не можеше да игра за Италија, па така раскина со Интер и се пресели во Англија.

Се вчитува...