Светската фудбалска организација (ФИФА) нема да дозволи натпреварите од Ла Лига да се играат на друг континент, односно во Соединетите Американски Држави. Веќе подолг период се води полемика дали дуелот меѓу Џирона и Барселона, кој е закажан за 27 јануари во Мајами, треба да добие дозвола од таков карактер.
Ова прашање ќе биде на дневен ред и на состанокот на Советот на ФИФА закажан за в петок во Кигали (Руанда), а шпанските медиуми тврдат дека Светската федерација е против таквата идеја и сигурно ќе стави „вето“. Претходно и Асоцијацијата на професионални фудбалери во Шпанија побара натпреварот меѓу Џирона и Барселона да не се игра надвор од територијата на државата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА