Меѓународниот одбор за фудбал при ФИФА, задолжен за корекција на постоечките правила, на последната седница промени десет од нив.
Променети се правилата осум и девет кои се однесуваат на спуштањето на топката по прекин на играта. Ако играта е прекината во шеснаесетникот, судијата топката му ја враќа на голманот, а ако играта е прекината надвор од шеснаесетникот судијата топката ја додава на еден играч.
Aко во „живиот ѕид“ стојат три или повеќе одбранбени фудбалери, играчот од екипата која напаѓа не смее да им биде на поблиску од еден метар. Едно од правилата се однесува на јавна опомена, поради неправилна прослава на гол, и таа ќе биде на сила и доколку голот е поништен. Правилото на почетен удар на голманот, веќе не мора да го напушти шеснаесетникот да се смета дека топката е во игра.
На почетокот на натпреварите, по новите правила, тимот кој при фрлањето на паричката победи, во иднина може да бира дали прв ќе ја има топката, или на кој гол ќе напаѓа. Една од новините е и тоа што ќе постојат различни термини за медицински прекин на мечот, со што се воведува прекин за разладување на фудбалерите кој ќе биде во траење од 90 секунди до три минути и прекин за рехидратација кој ќе трае максимум една минута.
На фудбалерите им е дозволено да носат шарени маици ако се во иста боја со дресот, а уште едно од правилата е доколку судијата сака да покаже жолт или црвен картон, а тимот што е во напад брзо го изведе слободниот удар и направи шанса за гол, судијата може да го одложи давањето на картон до првиот прекин на играта.
Фудбалерот кој се заменува мора да го напушти теренот кај најблиската точка на аут-линијата или гол-линијата од местото на кое се наоѓа, а се воведува и официјалните лица од клубовите за неспортско однесување да може да добијат жолт или црвен картон.
Правилата во сила ќе влезат од сезоната 2019/2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА