ФИФА му ја одзеде на Перу организацијата за Светско првенство

Перу нема да биде организатор на Светското првенство за играчи до 17 години. Ова го одлучи ФИФА, откако оваа земја не успеа да ги исполни инфраструктурните обврски наложени од страна на светската куќа на фудбалот.

ФИФА изјави дека турнирот официјално ќе се одржи од 10. ноември до 2. декември оваа година, додавајќи дека Комитетот ќе одлучи кому ќе му припадне органиацијата.

„Овој потег е направен со оглед на неможноста на земјата да ги исполни своите обврски во поглед на довршување на инфраструктурните проекти потребни за одржување на турнирот“, стои во соопштението на ФИФА.

Претходно ФИФА и го одзеде на Индонезија организацијата на Светското првенство за играчи до 20 години, откако некои политичари од таа земја се побунија поради учеството на Израел.

Двата турнири требаше да бидат одржани во 2021 година, но се поместени за оваа година поради пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...