ФИФА: На фудбалската сцена се потрошени повеќе од 41 милијарда евра за трансфери од 2011 година!

Над 41,1 милијарди евра се потрошени за фудбалски трансфери од 2011 до 2020 година. Ова го открива извештајот на ФИФА објавен денес, што исто така укажува на зголемената улога на менаџерите. Според анализираните податоци за периодот од 2011 до 2020 година, и благодарение на ФИФА ТМС системот активиран во октомври 2010 година, пазарот имаше постојан раст до 2019 година, пред корона-кризата да го погоди и овој сектор.

Во првата година на мониторингот на ТМС, вкупниот износ беше 2,41 милијарди евра, а до 2019 година, тој износ пораснал на 6,22 милијарди. Следната година, во период на Ковид-19(2020), е забележан пад од 23 проценти. Според студијата, 30-те клубови кои трошат најмногу пари на пазарот се само европски. Од нив, 12 клуба се од Премиер лигата, 5 од Шпанија и Италија, 3 од Германија, 2 од Франција и Португалија и еден од Русија. Овие клубови сочинуваат 47 проценти од глобалниот удел во трошењето.

Клубовите кои потрошија најмногу пари се Манчестер Сити, Челси и Барселона. Пари Сен Жермен е на четвртото место. Двата клуба кои заработија најмногу пари од трансферот се португалската Бенфика и Спортинг Лисабон. Извештајот, исто така, покажува експлозија на агенциски провизии. Ако вкупната провизија за менаџери во 2011 година изнесуваше 111,1 милиони евра, во 2019 година е зголемена на 542,8 милиони евра, што е петпати повеќе.

 

 

 

Се вчитува...