Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека дека е можно дел од натпреварите на престојниот Мундијал да бидат одложени, или да бидат преместени во други градови.
Ова лето, Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји – Мексико, Канада и САД. Првиот натпревар од турнирот ќе се игра помеѓу Мексико и Јужноафриканската Република, а е закажан на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити. Пред првенството, беа изразени загрижености за континуирано насилство поврзано со бандите, особено по неодамнешните настани во Мексико.
Во неделата беше објавено дека водачот на нарко-картелот „Нова генерација Халиско“ Ел Менчо е убиен во безбедносна операција.
По неговата смрт, низ целата земја избувнаа немири, а инциденти поврзани со картели беа пријавени во градови како Гвадалахара и Агуаскалиентес.
Со оглед на тоа што натпреварите ќе се играат и во Гвадалахара, ФИФА Мексико соопшти дека нивна цел е да се зачува јавната безбедност.
Од ФИФА истакнуваат дека будно ја следат ситуацијата во оваа земја, и дека во моментов останува се според првичниот план.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

