ФИФА најави огромни казни за расизам

ФИФА со цел поадекватна борба против расизмот во фудбалот предвиде нови мерки кои беа едногласно ревидирани од страна на Дисципинската комисија.

Така, максималната парична казна која може да се одреди во случаите на расистичка дискриминација е значително зголемена и сега изнесува пет милиони швајцарски франки наместо претходниот предвидениот милион франки.

Играчите и официјалните лица се охрабруваат да помогнат во идентификувањето на сторителите, а сите земји-членки се исто така обврзани да користат постапка во три фази во случај на расистичка дискриминација.

Играчите или членовите на тимот можат да изразат расистички навреди со официјално пропишан гест. По втората фаза, играта е привремено во прекин. Тимовите можат да го напуштат теренот, да разговараат за ситуацијата и да ја проценат. Последната фаза е суспензија или прекин на играта доколку дискриминацијата продолжи или ситуацијата не може да се смири.

Фудбалските федерации се обврзани да ги приспособат дисциплинските постапки со новите регулации.

Се вчитува...