Светското првенство во Катар ќе биде различно од другите по многу нешта. Ќе биде одиграно на есен, за првпат во историјата на Светските првенства, а ќе биде применувана и нова технологија со која офсајдот би се детектирал многу побрзо од сега, како што е случај со ВАР.
„Кориере дело Спорт“ денеска носи вест дека ФИФА размислува за нови правила, со кои натпреварите ќе траат многу подолго од сегашните 90 минути. Неодамните истражувања покажаа дека од 90 минути, има само 54,6 минути ефективна игра, и затоа се бара друго решение.
Едно од решенијата е натпреварите да бидат продолжувани најмалку 10 минути, и на тој начин би се надоместило „украденото време“. Една од причините за ова е тоа што селекциите ќе имаат право на по пет замени. ФИФА во Катар сака да направи натпреварите да траат подолго и од економски причини.
Исто така ФИФА има намера да им дозволи на селекциите да понесат со себе 26 играчи, поради пет замени и поради потенцијални случаи на ковид-19.
Потсетување на групите на СП во Катар:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА