ФИФА официјално почна со рангирање на футсал-репрезентациите во светот, објавувајќи ја првата ранг-листа во овој спорт во која на првото место се наоѓа Бразил, пред Португалија, Шпанија, Иран и Аргентина.
Македонската футсал-селекција се наоѓа на 58. место на ова прво светско рангирање, само три позиции послаб пласман од Германија, а меѓу нас и „панцерите“ се наоѓаат селекциите на Мијанмар и Ел Салвадор. Според рангирањето, веднаш зад македонскиот национален состав во футсал се наоѓаат Соломонските острови, Хондурас, Молдавија, Екваторијална Гвинеја…
Како што објави светската куќа на фудбалот, рангирањето е базирано на резултатите од над 4.600 натпревари меѓу националните селекции ширум светот, а ранкингот ќе биде користен и при утврдување на шеширите за квалификациите и за групната фаза од светските шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА