ФИФА одби да го суспендира Израел од светските натпреварувања

Светската фудбалска федерација ФИФА ја одби жалбата на Палестина за суспензија на Израел од сите меѓународни натпреварувања.

Жалбата беше предадена во март 2024, а најголем број од членките на ФИФА беа подготвени да гласаат за исфрлање на Израел. Сепак, до гласање нема да дојде во оваа ситуација.

„ФИФА не може да решава геополитички проблеми, но може и треба да го промовира фудбалот низ целиот свет, користејќи го за обединување, образование, култура и хуманитарни вредност. Ние ќе продолжиме да повикуваме на дијалог за да ги заштитиме фудбалерите и да се најде вистински баланс меѓу клупскиот и репрезентативниот фудбал на светско ниво“, рече, Инфантино.

Се вчитува...