ФИФА ОДБРОЈУВА: Еден месец до стартот на Светското првенство во Катар

Останува уште точно еден месец до стартот на 22. Светско првенство во фудбал. За првпат место во летните месеци шампионатот ќе се игра во доцната есен во периодот од 20. ноември до 18. декември во Катар.

Светската фудбалска федерација се одлучи за оваа одлука поради високите температури во оваа арапска земја во летните месеци. Актуелен бранител на трофејот е Франција која на минатиот мундијал одигран во Русија во финалето славеше против Хрватска со 4-2 и стигна до својата втора златна божица.

Покрај Франција меѓу фаворитите се и Бразил, Аргентина, Белгија, Англија и Португалија која на патот до шампионатот ја елиминираше Македонија. Шампионатот ќе стартува на 20. ноември со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор кој ќе се игра на Ал Бајт стадионот со почеток во 19 часот по Централноевропско време.

 

Се вчитува...