Италијанските медиуми објавија дека ФИФА размислува мечевите од Мундијалот во Катар да траат повеќе од 90. минути, односно 100 минути за да се надомести „мртвото“ време кое се губи во текот на мечот.
Истражувањата покажале дека од 90, има само нешто повеќе од 50 минути активна игра, па така наводно ФИФА барала ново решение. Меѓутоа од светската куќа на фудбалот ги демантираа овие најави.
„После шпекулацијата која кружи, ФИФА сака да потврди дека ќе нема промени во правилата на траењето на натпреварите на СП во Катар или на било кое друго натпреварување“, се вели во соопштението.
Во Катар ќе биде воведена само нова технологија со која побрзо ќе се дектира офсајдот, многу побрзо отколку што е тоа случај со ВАР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА