Светската фудбалска федерација (ФИФА) дошла до неверојатни сознанија дека Фудбалската федерација на Грција со години ги шпиунирала своите играчи и стручниот штаб на репрезентацијата. Специјалниот Одбор на ФИФА објави дека грчката федерација за шпиунирањето користела камери и микрофони. Доказите за прислушувањето се пронајдени во просториите на Фудбалската федерација на Грција, а откриено е и дека приватноста на играчите била нарушена и на тренинзите во кампот на репрезентацијата.
„Ова е голем удар за грчкиот фудбал. Прашање на чест е ваквите работи да останат скриени, тоа е во интерес на грчкиот фудбал, но не беше така“ – изјавија од Одборот на ФИФА кој воведува ред во Грција.
Наодите од истрагата на ФИФА потврдуваат дека се следени и некои од вработените во Грчката фудбалска федерација.
Иако скандалот со слењето и прислушувањето добива се поголеми размери, од Грција засега нема одговор на овие сериозни обвинувања од ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА