ФИФА почна истрага против претседателот на шпанската фудбалска федерација

Дисциплинската комисија на ФИФА се одлучи да почне истражна постапка против претседателот на фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, кој на доделувањето на медали на финалето на СП за жеи, во уста ја бакнал фудбалерката Џени Ермосо.

ФИФА ќе одлучи дали со тоа Рубијалес ги прекршил основните правила на пристојно однесување, односно дали неговото однесување го нарушува угледот на ФИФА.

Женската репрезентација на Шпанија го освои првото место откако во финалето ја совладаа селекцијата на Англија со 1-0.

Рубијалес по мечот, во присуство на 16-годишната принцеза, ја фати за лице и ја бакна во уста Ермосо. После тоа ги гушкаше и другите фудбалерки. Емосо кажа дека не и се допаѓа гестот на претседателот, а синдикатот на фудбалерите во средата повика однесувањето на Рубијалес да не мине неказнето.

Се вчитува...