Меѓународната фудбалска федерација ФИФА покрена постапка против фудбалската федерација на Хрватска, за случувањата за време и после натпреварот за трето место на Мундијалот во Катар.
„Асошијетед прес“ наведува дека ФИФА почнала процедура поради можни кршења на членовите 13 и 16 од дисциплинскиот кодекс кои се однесуваат на дискриминација, односно ред и сигурност на натпреварите.
Наведено е дека спорна е прославата на Хрватите од едно кафуле во Загреб, каде што се гледа дека дефанзивецот Дејан Ловрен со соиграчот Марсело Брозовоиќ ја извикуваат паролата „За дом спремни“ и пеат шовинистички песни.
Сепак, наведува листот, шансите за суспензија или казна се мали, со оглед дека станува збор за приватна прослава со што можно е федерацијата само да добие опомена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА