ФИФА ја соопшти распределбата на „колачот“ во висина од вкупно 210 милиони долари како отштета за клубовите кои имаа свои фудбалери на Светското првенство 2018 во Русија. Вкупно 62 национални фудбалски федерации добија финансиски средства од ФИФА кои понатака ќе бидат распределени до клубовите. За Македонија секако ниту долар, затоа што ниту еден наш клуб нема фудбалер кој настап на Мундијалот 2018.
Речиси 76% од од средствата ќе заминат, сосема очекувано, кај европските клубови, односно 157,8 милиони долари. На врвот на листата е Манчестер сити кој ќе добие пет милиони долари, а зад него е европскиот шампион Реал Мадрид со 4,8 милиони долари. Трет е Тотенхем со 4,385 милиони долари а Барселона доби 4,145 милиони долари.
Кога ќе се погледне во целина, најголем број репрезентативци играат во Англија па оваа островска земја доби вкупно 37,4 милиони долари, а потоа се клубовите од Шпанија со 22,5 милиони долари пред Германија со 18,9 милиони долари.
Што се однесува до клубовите од другите континенти, се истакнува саудискиот Ал Хилал со 2,02 милиони долари од Азија, како и египетскиот Ал Ахли со 1,7 милиони долари од Африка. Од јужноамериканските клубови се издвојуваат Бока јуниорс со 1,13 милиони долари и мексиканската Пачуха со 1,035 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА