ФИФА подготвува голема револуција, ова повеќе нема да биде офсајд

Светската фудбалска федерација ФИФА, ќе почне со тестирање на ново правило околу прашањето за офсајд. Челниците на светската фудбалска федерација се подготвени да направат голема револуција, со која напаѓачите ќе бидат во предност.

Офсајд правилата и поништување на головите поради милиметарските заостанувања, ги нервираат фановите низ целиот свет. Се случувало поништување на голови на кои напаѓачот за само еден сантиметар е позади одбраната на противникот.

ФИФА конечно подготвена да даде предност на голгетерите. Така ФИФА подготвува правило да покаже офсајд само ако напаѓачот со целото тело е позади последната линија на одбраната на противничката екипа. Тестирањето треба да почне на одредени натпревари, а ако се покаже како ефикасно, ќе почне да се применува.

Се вчитува...