ФИФА подготвува нова револуција: Ќе има Светско првенство со 24 клубови

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) работи на предлог на нов форма на Светското првенство за клубови. Тоа ќе биде надградено, ќе подразбира поголем број на клубови учесници и натпреварување на секои четири години, нешто налик на мундијалите.

Како што открива „Мундо Депортиво“, Светското клупско првенство би се одвивало во осум групи по три клуба, а само првопласираниот тим би обезбедил пласман во четвртфиналето. Тоа значи дека планетарниот освојувач би играл пет натпревари до круната, а секој учесник би играл најмалку два натпревари. Се уште не е познато колкав период ќе биде потребен за имплементација на ваквиот предлог.

Се вчитува...