Светската фудбалска федерација (ФИФА) поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Сеп Блатер поради финансиски малверзации при отворањето на музејот на ФИФА во Цирих.
Како што се наведува во соопштението, ФИФА се сомнева во криминално управување од страна на поранешното раководство и компанија која работела на изградба на музејот, кој е отворен и реновиран во изнајмена зграда во центарот на градот.
Музејот е отворен во 2016 година, откако беа потрошени 140 милиони долари на обнова на зградата. Исто така ФИФА тогаш потпиша договор за изнајмување со сопствениците на зградата, со кои се обврза да им плати 360 милиони долари до 2045 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА