На ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2026 година одржана во Цирих, беше прикажана карта на Украина без Крим. Очекувано следеа бурни реакции од таа земја која на своја територија војува против Русија.
Во оваа прилика, Фудбалскиот сојуз на Украина испрати писмо до генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстурм, како и до неговиот колега во УЕФА, Теодорос Теодоридис, во кое изразија „длабока загриженост“.
„Имајќи ги предвид бројните официјални одлуки и резолуции усвоени од Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА од 2014 година во однос на територијалниот интегритет на Украина и заштитата на фудбалските чинители на нашата земја од агресивната политика на руската терористичка држава, вклучително и Автономната Република. на Крим, нагласуваме дека денешната верзија картографски слики на Украина, кои ФИФА официјално ги претстави пред милионската глобална публика, се целосно неприфатливи“, е дел од официјалното соопштение на Украинската фудбалска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА