Светската фудбалска организација (ФИФА) отвори официјална истрага против англискиот првак Челси за кршење на статутите на оваа организација, околу ангажман на малолетни фудбалери. Поради ваков прекршок шпанскиот клуб Атлетико Мадрид имаше забрана за регистрирање на нови фудбалери во изминатиот летен преоден рок, а претходно тоа им се случи и на Барселона и на Реал Мадрид.
Челси има огромен број на млади фудбалери кои ги доведува во своите редови, а потоа ги позајмува во други клубови ширум Европа. Токму тоа и го истражува ФИФА во својата најнова акција против англискиот клуб. Сомнежите дека се направени одредени нелегални активности.
Ова е трета ваква истрага во Челси во последната деценија, а поради Гаел Калкута во 2007 година за малку ќе беа казнети, но правниот тим на лодонскиот клуб сепак успеа на суд да ја урне тужбата. Потоа имаа проблеми и со Траоре, кој играше за клубот со 16 години, а воопшто не беше регистриран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА