ФИФА поради Русија го доведува во прашање одржувањето на Мундијалот во Катар!?

Голем дел од последиците од војната меѓу Русија и Украина ги почувствува спортот, а ФИФА се наоѓа во многу непријатна ситуација. Имено, Полска, Шведска и Чешка одбиваат да играат со Русија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар во март, но ФИФА не ја исклучи целосно Русија од турнирот.

Конечното одбивање да игра против Русија, пред се Полска, а потоа и победникот од дуелот меѓу Шведска и Чешка, може да доведе до тоа Русија директно да се пласира во Катар без играње бараж натпревари.

ФИФА им дозволи на Русите да се натпреваруваат во плејофот на неутрални терени наречени „Фудбалска федерација на Русија“ – но без инторинарање на националната химна, знаме и без присуство на навивачи.

Така сега притисокот е префрлен на трите преостанати репрезентации, а доколку домаќинот на претходниот Мундијал го најде своето место во Катар, последиците може да ги почувствува целиот турнир. Се поставува прашањето кој воопшто би сакал да игра со Русија на Мундијалот и какви би биле тогаш последиците?

Се добива впечаток дека има многу повеќе репрезентации кои не би играле против Русија од оние што би играле, па јасно е прашањето што планира ФИФА. Несомнено постои голем притисок врз Џани Инфантино и другите челници на ФИФА, но дефинитивно не е лесно само така да се затвори вратата на Русија.

Се вчитува...