Правната битка меѓу Нант и Кардиф околу исплатата на трансферот на Емилијано Сала зема замав откако францускиот клуб поднел и официјална жалба до ФИФА за наплата на првата рата во висина од пет милиони фунти.
„Можеме да потврдиме дека е пристигната жалба од Нант, поради неплаќање на Кардиф за трансферот на Емилијано Сала. Во тек е постапка околу жалбата, но во моментов не можеме да дадеме поконкретни информации“ – истакна портпаролот на ФИФА.
Кардиф договори услови за рекорден трансфер на Сала во висина од 15 милиони фунти, но по смртта во авионска несреќа на голгетерот сега англискиот премиерлигаш одбива да ги плати парите со образложение дека Нант како клуб е виновен за организација на кобниот лет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА