Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека на стадионите и пред нив нема да се продава алкохол, одлуката за забрана доаѓа на два дена до почетокот на Светското првенство.
ФИФА излезе со соопштение во кое вели дека по дискусија со властите на Катар е донесена одлука да се забрани точење на алкохол на сите осум стадиони и пред нив. Ќе се продава само „Бад Зеро“, односно безалкохолното пиво на Бадвајзер.
Првичниот договор не беше таков, но катарските власти на крајот сепак донесоа одлука да не се точи пиво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА