ФИФА потврди ново правило на Светското првенство во 2026 година

Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико ќе донесе и ново правило, потврди ФИФА. Сите играчи ќе добијат триминутна пауза на средина на полувремето со цел да се хидратираат.

Оваа одлука е донесена со цел да се заштити здравјето и добросостојбата на фудбалерите, стои во објавата на светската куќа на фудбалот.

За разлика од претходните турнири кога ова правило зависеше од временските услови, на престојниот Мундијал тоа ќе биде стандаризирано.

Судијата ќе го прекине натпревар во 22. минута од секое полувреме и паузата ќе трае три минути.

Се вчитува...