ФИФА прави циркус: Италија, сепак, ќе игра на СП 2026?

Италија доживеа вистинско фијаско со непласирањето на третиот светски шампионат во низа, но последните информации велат дека „аѕурите“ би можеле да се најдат на летниот собир во САД, Канада и во Мексико.

Причината е добро позната, учеството на селекцијата на Иран, која треба своите мечеви да ги игра на американско тло, нешто што во моментов делува незамисливо со оглед на воениот конфликт меѓу двете земји.

Иранската Фудбалска Федерација веќе објави дека планира да учествува на собирот за кој има билет благодарение на успешните квалификации, но во ФИФА веќе бараат начин да „мирно“ да ја разрешат оваа криза, Иран самиот да се откаже од безбедносни причини, а на негово место да дојде друга репрезентација.

Токму затоа, на Иранците им е даден рок до 13 мај да го потврдат своето учество, иако тие веќе го сторија тоа, во спротивно ќе се почне процедура за наоѓа на земан за оваа селекција, која треба да игра во група со Белгија, Египет и со Нов Зеланд.

Тука е шансата на Италија, бидејќи планот на ФИФА е по автоматизам тоа место да биде предадено на Азија. Постојат две опции, првата вајлд-карта да добие селекцијата со најдобар рејтинг оние кои се без мундијалски билет, во случајов тоа се „аѕурите“. Втората варијанта е да се игра завршен турнир од пет селекции, по една од секој континент, при што тука би биле Боливија, Јамајка, ОАЕ, Нигерија, Нова Каледонија и Италија.

Италијанците заедно со Нигерија како најдобро рангирани би се пласирале директно во полуфиналето, останатите четири би играле четвртфинале за преостанатите две места… Само што тука проблем би бил ако Нигерија слави на турнирот и мора да игра во група со Египет, со што би биле нарушени правилата на натпреварувањето дека ниту еден друг континент освен Европа не смее да има две селекции во иста мундијалска група.

Се чини, се подготвува циркус на светската фудбалска сцена, а Италија чека нова шанса, без селектор и без претседател на федерација. Останува да ја почекаме разврската..

Се вчитува...