ФИФА презеде мерки – Нема Светско првенство за расистот од Колумбија

Репрезентативецот на Колумбија, Едвин Кардона доби казна од ФИФА од 20.000 франци и пет натпревари суспензија поради расистичката навреда кон јужнокорејските фудбалери за време на пријателскиот натпревар меѓу Колумбија и Јужна Кореја одигран пред еден месец.

По еден дуел на капитенот на јужнокорејската репрезнтација Сунг Јуенг Ки и офанзивецот на Колумбија Хамес Родригез, Родригез падна на земја при што настана мешаница од играчите на двете селекции. Во тие моменти Кардона искористи шанса со расистички акт да ги навреди домаќините на таа средба. Гледајќи го капитенот, Кардона со помош на прстите ги накоси своите очи со цел да ги навреди јужнокорејците откако не се сложи со пресудата на арбитарот.

До почетокот на мундијалот во Русија има околу шест месеци, а херојот на Колумбија кој практично обезбеди пласман на националниот состав за СП,  си го загрози своето учество на најголемото фудбалско збиднување во светот. Иако делумно може да ја „одлежи“ казната преку пријателски спредби, тешко дека Колумбијците ќе одиграат пет пријателски подготвителни натпревари, додека не се знае дали воопшто ќе остане дел од селекцијата.

Доколку Кардона не ги демонстрираше „косите очи“, иронично првиот натпревар на СП ќе му беше против Јапонија во групната фаза.

https://www.youtube.com/watch?v=hkAP2e6O6cg

Се вчитува...