ФИФА пријави повеќе од 30 илјади објави на социјалните мрежи, вклучен е и Интерпол

Меѓународната фудбалска федерација објави дека годинава пријавила повеќе од 30.000 навредливи објави на платформите на социјалните медиуми.

Покрај тоа, ФИФА потврди дека 11 лица биле пријавени во полиција и обвинителство во текот на 2025 година, а едно лице било пријавено во Интерпол.

Понатаму беше разјаснето дека овие лица биле од Аргентина, Бразил, Франција, Полска, Шпанија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, и дека сите објави што биле пријавени биле направени за време на натпревари организирани од ФИФА.

„На Меѓународниот ден на толеранцијата, сакам уште еднаш да нагласам дека фудбалот мора да биде инклузивно место, на теренот, на трибините и на социјалните медиуми“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„За време на Светското клупско првенство, SMSP прегледа 2.401 активни сметки на пет платформи, вклучувајќи ги и оние на играчи, службени лица на тимови и судии. Анализирани се 5,9 милиони објави, 179.517 се означени како содржина што бара понатамошен преглед, а 20.587 се пријавени на соодветните платформи“, се вели во соопштението на ФИФА на оваа тема.

Како што е наведено, откако е создаден системот, повеќе од 65.000 навредливи објави на социјалните мрежи се пријавени кај сопствениците на платформите.

Се вчитува...